Среќен роденден Леонида!

Репрезентативката на Македонија која е една од оние помладите што се изборија за место во националниот тим, Леонида Гичевска денеска слави роденден. Таа е ракометарка која беше единствена што ја одбрани титулата бидејќи годинава победи во првенството со Металург, а лани со Вардар. Леонида денеска полни 21 година.

Роденден има и голманот на Барселона. Данецот Кевин Мелер денеска го прославува својот 30. роденден.

Арцем Грушко, пак, полни 26 години. Се работи за ракометар од Русија, кој ги брани боите на екипата на Чеховски медведи.

Данецот кој игра за Флензбург, Расмус Лауге Шмит, пак, денеска го прославува својот 28. роденден.

И Швеѓанецот од Кристијанштад Вилијам Бенгстон е на списокот, а тој е најмладиот во друштвото. Полни 19 години.

Норвежаната Мартине Волф, која игра за тимот на Ларвик, пак, денеска ќе го прослави својот 23. роденден.

И колешката на Јована Саздовска од Турингер, Германката Арвен Рул ќе има славје, а таа полни 17 години.

Среќен роденден Леонида, Кевин, Арцем, Расмус, Вилијам, Мартине и Арвен!