Среќен роденден Кристијан!

Ракометарот на Пролет, Кристијан Давитковски денеска е еден од ракометарите кои слават роденден. Тој ќе наполни 23 години.

Крилото на Кил, Данецот Магнус Ландин исто така е меѓу славениците. Тој ќе го прослави својот 24 роденден.

Словенецот Алјаз Пањтар, пак, денеска полни 28 години. Голманот во новата сезона ќе го носи дресот на Горење.

И крилото од Словенија, Гашпер Маргуц исто така е на оваа листа. Ракометарот на Веспрем полни 29 години.

Французинката Лаура Глазер која игра за Мец, пак, ќе го слави 26 роденден.

Среќен роденден Кристијан, Магнус, Алјаз, Гашпер и Лаура!