Среќен роденден Костадин!

Ракометарот на Пелистер, Костадин Петров е меѓу денешните славеници. Тој денеска полни 27 години, а со своите колеги има натпревар, па роденденот ќе може да го прослави на дуел против Бутел Скопје.

Покрај него родендени имаат уште неколку познати светски ѕвезди.

Германецот Холгер Гландорф, кој го носи дресот на Флензбург денеска полни 36 години.

Норвежанките Картине и Кристине Лунде, кои се дел од тимот на Кристијансанд ќе наполнат 39 години.

Исто така 39 години полни и Романката Паула Клаудија Унгуреану. Таа настапува за тимот на ЧСМ Букурешт.

Среќен роденден Костадин, Холгер, Катрине, Кристине и Паула!