Среќен роденден Кире!

На денот кога 24 Ракомет го слави својот роденден, а денеска полни пет години, роденден слави и поранешниот репрезентативец на Македонија, Кире Атанасовски. Ракометарот кој голем дел од својата кариера мина во редовите на Вардар, а играше и во Франција.

Атанасовски ќе биде вклучен во работата со младите категории односно со ракометарите од кои се очекува допрва да го заземаат местото во репрезентацијата на Македонија. Инаку, тој денеска полни 41 година.

Роденден има и Унгарката од ФТЦ Раил Карко Лука Зиборас. Таа денеска полни 18 години.

Среќен роденден Кире и Лука!