Среќен роденден Кире, Марија, Ана Марија!

Од домашна сцена денеска родендени слават еден ракометар и две ракометарки. Се работи за играчот на Пелистер, Кире Митревски. Тој поради повреда пропушти добар ден од минатата сезона, а денеска полни 33 години.

Марија Гоцевска, која е ракометарка на Вардар, пак, денеска ќе наполни 19 години.

Нејзината колешка од тимот на Вардар, Ана Марија Коларовска, пак, го прославува својот 17. роденден.

Што се однесува од ракометарите од страна, таму Антоин Жоние од Франција кој игра за Монпелје полни 21 година.

Неговиот сонародник и колега од тимот на Монпелје, Жулиен Бос исто така денеска ќе наполни 21 година.

Ракометарот на Скјерн, Словенец Јан Гребец, пак, ќе го прослави својот 27. роденден.

Среќен роденден Кире, Марија, Ана Марија, Антоин, Жулиен и Јан!