Среќен роденден Илија!

Ракометарот кој остави огромна трага во дресот на Вардар и кој секогаш играше со големо срце за Вардар, Илија Абутовиќ од минатиот септември е во Рајн Некар. Сепак, лани доби огромни аплаузи и овации во СЦ „Јане Сандански“ поради тоа што секогаш ги воодушевуваше навивачите. Тие не го заборавија тоа и секогаш му даваа поддршка, па оттаму сигурно и денеска ќе му упатат честитки за роденденот. Ико денеска полни 31 година.

Роденден има и голманот Марин Шего. „Чуварот на мрежата“ на Хрватска од оваа сезона ќе брани за Монпелје тимот кој е прв противник на Вардар во Лигата на шампионите. Тој ќе наполни 34 години.

Среќен роденден Илија и Марин!