Среќен роденден Зоран!

Денешниот список на славеници е главно со ракометари и ракометни работници кои се од Македонија или играат во Македонија.

Денеска роденден слави Зоран Стерјев, кој е претседател на екипата на Еурофарм Работник, која годинава настапуваше во групната фаза од Купот на ЕХФ. Тој полни 45 години.

Роденден слави и ракометарот на Пелистер, Иван Димитровски. Играчот кој лани беше дел од младинската репрезентација на ЕХФ-шампионатот во Скопје денеска ќе наполни 21 година. Уште еден ракометар на Пелистер има роденден, а се работи за Огњен Лековиќ. Десниот бек на битолчани од Црна Гора денеска полни 23 години.

На списокот на славеници е и судијата Александар Вукашиновски. Тој денеска ќе го прослави 37 роденден.

Среќен роденден Зоран, Иван, Огњен и Александар!