Среќен роденден Драган, Милева…

Првиот ден од мај е за нови честитања на родендени, а списокот кој е подолг го отвора долгогодишниот меѓународен судија од Македонија, Драган Начевски. Тој заедно со Марјан беше во врвот на судиите од светот и добар период важеа за најдобра судиска двојка. Откако ја заврши судиската кариера се пресели во делегати, а во моментов е и одговорен за судиите во ЕХФ. Денеска полни 64 години.

Роденден има и поранешната репрезентативка на Македонија и членка на тимот на Кометал Ѓорче Петров, Милева Велкова. Таа сега работи како тренер, а денеска полни 50 години.

Ракометарката на Пелистер, Маја Каранфиловска ќе наполни 23 години.

Голманот на Бешикташ, кој е и прв избор за голот на Египет, Карим Хендави денеска го прославува својот 31 роденден.

Данецот Јохан Хансен, кој настапува во редовите на Бјерингбро Силкеборг, пак, полни 25 години, додека Белорусот кој е дел од Мешков Брест Јахор Буџејка го прославува својот 19. роденден.

Французинот Адриен Шаф од ПСЖ исто така има роденден, а полни 20 години.

Среќен роденден Драган, Милева, Маја, Карим, Јохан, Јахор и Адриен!