Среќен роденден Домен!

Миленикот на девојките, кој игра за Целје, а во Македонија на двапати беше во центарот на вниманието, Домен Макуц денеска слави роденден. Ракометарот кои ги освои симпатиите на Ф4 турнирот во СЕХА во 2018 година и на Струшкиот турнир истата година, денеска полни 19 години.

Роденден слави и пивотот на Барселона. Французинот Лудовик Фабрегас денеска ќе наполни 23 години.

И голманката на Брест и на репрезентацијата на Франција, Клеопатра Дарле е меѓу славениците, а таа полни 30 години.

Среќен роденден Домен, Лудовик и Клеопатра!