Среќен роденден Давор, Ана…

Списокот на славеници на родендени на 24 мај е подолг од вообичаеното.

Го предводи ракометарот од Прилеп, Давор Шокоски, кој во првиот дел од сезоната играше за тимот од овој град. Тој денеска полни 21 година.

Меѓу славениците е и Ана Стојков (порано Михајловска), која е дел од Вардар. Таа во минатото настапуваше за оваа екипа, а сега е дел од истата. Таа денеска ќе наполни 35 години.

Уште една поранешна ракометарка која настапуваше во минатото играше за Еуростандард Ѓорче Петров исто така има роденден. Се работи за Лепа Ѓеоргиевска, која денеска го прославува 32. роденден.

Од ракометарите и ракометарките кои доаѓаат од другите земји најпознат е Вид Кавтичник. Словенецот, кој игра за Монпелје денеска полни 35 години.

Двајца Романци денеска го прославуваат 25. роденден. Се работи за Јонут Нистор Јонита кој игра за Констанца и Андреј Никусор Негру, кој ги брани боите на Динамо Букурешт.

Норвежанецот Магнус Фредериксен, кој игра за Елверум, пак, денеска ќе наполни 22 години.

На денешниот список на славеници најмлада е Мартине Хвара. Норвежанката која настапува за Ларвик денеска го слави својот 19. роденден.

Среќен роденден Давор, Ана, Лепа, Вид, Јонут, Андреј, Магнус и Мартине!