Среќен роденден Вуко!

Левиот бек на екипата на Вардар, Вуко Борозан денеска ќе има причина за славење. Тој не е дел од репрезентацијата на Црна Гора веќе некое време така што не е на квалификациските дуели. Вуко Борозан беше дел од сите успеси на Вардар во последните неколку години, а денеска ќе наполни 25 години.

Роденден слави и главниот дефанзивец на екипата на Охрид, Борче Соколов. Тој денеска ќе го прослави својот 32. роденден.

Унгарецот Рихард Чанаи кој настапува во редовите на ривалот на Вардар од четврт-финалето во Лигата на шампионите, Пик Сегед. Тој полни 20 години.

И Норвежанката Кристин Стоа Јенсен, која игра за Ларвик ќе има роденден, а таа денеска станува полнолетна.

Среќен роденден Вуко, Борче, Рихард и Кристин!