Среќен роденден Велко!

Репрезентативецот на Македонија и ракометар на екипата на Констанца, Велко Маркоски го предводи денешниот список на славеници. Тој е меѓу повиканите играчи и за претстојните дуели со селекцијата на Исланд, а денеска полни 33 години.

Роденден слави уште еден поранешен репрезентативец на Македонија, кој сезонава играше за екипата на ГРК Тиквеш, Милан Левов. Во 2007 година Левов беше соиграч на Маркоски на Мундијалот кој се одржа во Македонија. Тој денеска полни 32 години.

Исто така 32 години полни и ракометарот на Радовиш, Александар Долдуров.

Сергеј Шелменко, кој е клупски колега на Жарко Пешевски во Мотор Запорожје денеска ќе наполни 36 години.

Меѓу славениците е и Вид Потеко. Словенецот кој е дел од Мешков Брест денеска ќе го прослави својот 28 роденден. Исто толку години полнат и сестрите од Норвешка Нора и Теа Морк.

Најмлад во целото друштво е Французинот Николас Турно, кој е клупски колега на Кире Лазаров во Нант. Тој полни 25 години.

Среќен роденден Велко, Милан, Александар, Сергеј, Вид, Нора, Теа и Николас!