Среќен роденден Андреј, Александар, Љупчо…

Претпоследниот ден од мај носи родендени на неколку лица од ракометот од домашна сцена. Еден од нив е активен, а се работи за ракометарот на Вардар и кадетски репрезентативец на Македонија, Андреј Петковски. Голманот кој е во комбинација и за Мундијалот во август денеска полни 18 години.

Роденден има и еден од ракометарите кои оставија голема трага во репрезентацијата на Македонија. Екс-пивотот на Пелистер, а сега тренер, Александар Зарков денеска ќе наполни 51 година.

И тренерот на Радовиш, Љупчо Мијалов е меѓу славениците. Тој денеска го слави својот 37. роденден.

Русинот од Чеховски медведи, Иван Нефедов, пак, денеска ќе го прослави 21. роденден.

Германецот, кој е во ист клуб со Филип Талески, Јесине Медеб полни 19 години.

Својот 23 роденден, пак, го слави Тес Кронел. Швеѓанката е дел од тимот на Савехоф.

Французинката од Брест, Тифен ле Клорек, пак, денеска станува полнолетна.

Ракометарката од Данска, која настапува за составот на Копенхаген, Аника Мејер ќе наполни 25 години.

Среќен роденден Андреј, Александар, Љупчо, Иван, Јесине, Тес, Тифен и Аника!