Среќен роденден Александар!

Пивотот кој минатата сезона беше еден од подобрите ракометари во Струга и редовно меѓу оние кои покажуваа најмногу во секое коло, Александар Тренчевски  денеска има роденден. Тој денеска полни 29 години.

Роденден има и голманот Никола Кизиќ, кој минатата сезона ја почна во редовите на Струга, но потоа не играше никаде. Тој денеска ќе го прослави својот 23. роденден.

Меѓу славениците е и колегата на Дејан Манасков од Веспрем, Мирсад Терзиќ од БиХ. Тој е еден од поискусните во тимот, а денеска полни 36 години.

И Исланѓанецот кој игра за Елверум, Траин Јонсон е меѓу славениците, а денеска го има својот 26. роденден.

Среќен роденден Александар, Никола, Мирсад и Траин!