Среќата му го сврте грбот на Мешков: Пенал рулетот таличен за Веспрем

Во првото полуфинале, од СЕХА Мешов покажа дека не е случајно во врвот на регионалното натпреварување. По неочекуваната елиминација на Вардар, Мешков беше на раб на сензација но недостигаше среќа во финишот на првиот дел и во изведувањето на ударите од седум метри. Шампион го преживеа полуфиналето на Фајнл Фор турнирот и во недела го очекува подобриот од дуелот меѓу Вардар и Загреб.

Неизвесниот крај имаше свое продолжение, а пенал рулетот не ги посака ракометарите на Мешков.

vesprem-meskov-3

Веспрем првиот гол го постигна дури во деветатта минута, а до тогаш Мешков веќе имаше имаше водство од 2 погодока. Лошата игра на Веспрем и одличниот Пешиќ на голот на Мешков беа причина Белорусите да ја зголемат разликата на пет погодока, на 3-8 во дваесетата минута. Мешков имаше и шест голови предност (5-11 27’), но до крајот на првиот дел Веспрем намали еден гол, за конечни 6-11 по првото полувреме.

Во вториот дел, Веспрем одигра со повеќе концентрација и мотив, кои им овоможија да го достигнат водството на противникот иако во одреден период, во средината на вториот дел играа и со четворица ракометари на терен. Момир Илиќ во 55-та минута најави интересна завршница со својот трети гол за 17-18. Но во следните две минути Мешков парираше во играта гол за гол. За возбудлив финиш се погрижи Туменцев кој ја додаде топката директно во рацете на Наѓи, а на спротивната страна сигурен беше Угалде за 20-20 на семафорот на триесет секунди до крајот. Белорусите не успаа да го искористат последниот напад за победа и натпреварот се одлучи во пенал рулет.

vesprem-meskov-5

За составот на Веспрем прецизни беа Илиќ, Маргуч и Иванчик, додека Разгор беше единствениот расположен во составот на Мешков, по стативите на Баранау и Камшик веќе беше познат победникот, а Веспрем можеше да започне со прослава на уште едно финале во СЕХА лигата.

Најпрецизни во регуларниот дел од натпреварот во составот на Веспрем беа Наѓи и Угалде со по пет погодока, додека кај Мешков Камшик, Туменцев, Стојковиќ и Шиловиќ имаа по четири прецизни удари.