Србија и Хрватска ќе играат без гостински навивачи

Србија ја чекаат можеби одлучувачките квалификациски натпревари против Хрватска за пласман на Европското првенство во 2020 година, но овие пресметки ќе бидат посиромашни за гостински навивачи.

Во квалификациските дуели помеѓу лутите ривали нема да има гостински навивачи од безбедносни причини. За да се спречат евентуални немили сцени беше одлучено, ниту во Белград, ниту во Задар да нема навивачи на гостинските екипи.

Во договор со полицијата на натпреварите освен што нема да имаат своја поддршка гостите со свои навивачи, исто така и челниците на Хрватскиот сојуз и на Српскиот сојуз нема да патуваат со репрезентацијата на нивните гостувања.

Организаторите не сакаат да остават ништо на случајноста и да избегнат можни црни сценарија на овие натпревари, па затоа донесоа ваква одлука. Првиот натпревар е во Белград на 11 април од 18 часот, на кој на Србите им е неопходна победа за останување во игра за пласман на ЕП.