Србија во Полска со Станиќ, но без Илиќ и Шешум!

Селекторот на српската репрезентација одговори на последното отворено прашање, Дарко Станиќ официјално прифатил да игра за репрезентацијата на Србија во Полска 2016.
Како што изјавил Периќ за угледниот “Спортски Журнал“, очекувано Станиќ повторно ќе биде меѓу стативите на ново големо натпреварување.

Stanic

“Разговаравме долго,конкретно и јасно, нашите визии потполно се преклопуваат во интерес на ракометот, Дарко ќе може да и помогне на репрезентацијата на Европското првенство во Полска. Има голема желба и богато искуство, тоа е добитна комбинација и радосен сум што ќе соработуваме. ”

Минатата недела селекторот Периќ обелодени дека Момир Илиќ од семејни причини се збогува со репрезентативниот дрес, а истото го потврди и Жарко Шешум, ракометарот кој на ЕП 2012, во Белград од своите навивачи заработи сериозна повреда на окото.

Србија во Полска ќе настапува во група со домаќинот, актуелниот првак Франција и репрезентацијата на Македонија.