Србија во игра за Катар 2015: По Бахреин, Соединетите Арапски Емирати се откажаа од Светското Првенство!

На речиси два месеца пред почетокот на Мундијалот во Катар, организаторот се соочува со проблеми поради откажување на азиските претставници од натпреварувањето. Откако вчера и официјално беше доставено решението на ракометната федерација на Бахреин со кое се откажуваат од учество на Светското првенство во Катар, денес истото го најавија и Соединетите Арапски Емирати. Како причинина за повлекувањето тие ги наведоа техничките причини и несоодветна припрема на тимот.
Кои две репрезентации ќе ги заменат нивните места во групите Ц и Д, ИХФ ќе одлучува на 21 ноември на следната седница на собранието на ИХФ. Веќе биле контактирани неколку репрезентации меѓу кои Јужна Кореа, Саудиска Арабија, Исланд и Србија. Во која насока ќе биде одлуката на ИХФ, дали ќе се обидат да ги смират страстите на европјаните по скандалозната одлука да ја прифатат кандидатурата на Германија, откако ИХФ и го одзема легитимитетот на Австралија или ќе се одлучат за популаризирање на ракометот на други континенти ќе дознаеме наскоро.