Србинките се загреваат пред мечот со Македонија на трибините во Борис Трајковски (ФОТО ВЕСТ)

Дел од репрезентативките на Србија кои утре од 19 часот играат против Македонија го следат дуелот меѓу Металург и Спортинг. Тие на ваков начин се загреваат за утрешниот дуел кој е од 2. коло од квалификациите за ЕП 2018.

Инаку, ова е само дел од селекцијата заедно со стручниот штаб пред тренингот кој ќе го имаат во СРЦ „Кале“. Србија ги совлада Фарските острови во првото коло со 36:20 и влегува како фаворит во мечот против Македонија.