Србинките обезбедија пласман на ЕП

Женската репрезентација на Србија со победа против Словенија со резултат 32:25, ја обезбеди визата за Европското ракометно првенство-2014 во Унгарија и Хрватска. Пред 2000 фанови во спортската сала „Чаир“, србинките беа подобри и заслужено патуваат на ЕП. Ракометарката на ЖРК Вардар СЦБТ, Андреа Лекиќ беше предводник на српската селекција со 9 голови, во првото полувреме Лекиќ постигна 8 голови. Отпорот на Словенките траеше во првите 10 минути кога резултатот беше 5:4 за Словенија, тоа беше последно водство за репрезентацијата на Словенија.  Новата ракометарка на ЖРК Вардар СЦБТ, Барбара Лазовиќ постигна 4 голови во мрежата на Србија.

Србија-Словенија 32:25 ( 18-15)

Србија:  Поповиќ 3,  Лекиќ 9,  Дамјановиќ 7,  Живковиќ 2,  Нишавиќ 4,  Цвијиќ 1,  Милошевиќ 3,  Стоилковиќ 3 ,

Словенија:  Митрушевска 2,  Грос 5,  Лазовиќ 4,  Корен 1, Ирман 5,  Петриња 1, Сон  2,  Губерниќ 1, Хрњиќ 2 , Крхликар 2

На ЕП-2014  освен домаќините Унгарија и Хрватска ќе бидат и селекциите на:  Данска, Украина, Франција, Словачка, Црна Гора, Полска, Шпанија, Холандија, Шведска, Србија, Норвешка, Романија, Германија и Русија.

Репрезентацијата на Словачка по пауза од 19 години, повторно ќе биде дел од европското ракометно првенство.