СП за јуниорки (Хрватска): Елиминација на домаќинот, Кореја продолжува како единствен претставник од друг континент

На Светското првенство за јуниорки кое се одржува во Хрватска се одиграа осмина-финалните натпревари. Во највозбудливиот натпревар кој се одигра во Копривница, домашната репрезентација на Хрватска загуби од Холандија со 21-22 (10-12) и се прости од желбата за висок пласман на ова првенство.По овој пораз репрезентацијата на Хрватска ќе игра за пласман од 9 до 16 место, а ќе се сретне со поразениот од дуелот Русија-Шведска. Холандија пак во четврт-финалето го очекува победникот од дуелот Русија Шведска.

Резултати од осмина-финалните натпревари:

Данска-Чешка 37-23 (19-10)

Португалија-Романија 21-25 (9-10)

Кореја-Србија 32-28 (20-15)

Бразил-Франција 23-29 (11-16)

Холандија-Хрватска 22-21 (12-10)

Унгарија -Словенија 26-20 (15-12)

Норвешка-Германија 24-27 (12-13)

Русија-Шведска 31-18 (17-7)

Четврт-финални натпревари (Копривница):

Данска -Франција (14:00)

Холандија-Русија (16:15)

Романија-Кореја (18:30)

Германија-Унгарија (20:45)

Натпревари за пласман од 9 до 16 место (Дуго Село):

Чешка-Бразил (14:00)

Хрватска-Шведска (16:00)

Португалија-Србија (18:00)

Норвешка-Словенија (20:00)