СП за кадетки ( Македонија): Денес на програмата осминафиналните двојки

На Светското женско кадетско првенство на кое домакин е нашата земја заврши групната фаза. Репрезентациите на Унгарија, Кореја, Данска и Црна Гора завршија како првопласирани во своите групи и денеска ги очекуваат своите осминафинални противници.

Натпреварите од 1/8 финалето се на програмата денес ( 28 јули, понеделник) во Охрид и Струмица, додека пак “Президент купот” или натпреварите за пласман од 17 до 24 позиција во кои ќе учествува и Македонската репрезентација се играат во Скопје.

Охрид на 30 јули ке биде домакин на четвртфиналето, додека пак поразените репрезентации од осминафиналните натпревари се селат во Струмица и ќе играат за пласман од 9 до 16 позиција.

1/8 финале ( понеделник, 28 јули)

Охрид:

Унгарија-Холандија ( 14:00 часот)

Шведска-Русија ( 16:15 часот)

Норвешка-Бразил ( 18:30 часот)

Јужна Кореја-Јапонија ( 20:30 часот)

Струмица:

Германија-Португалија (14:00 часот)

Црна Гора-Аргентина ( 16:15 часот)

Хрватска-Романија (16:15 часот)

Данска-Франција (20:45 часот)

Натпревари за пласман од 17 до 24 позиција(Скопје)

17-20 место

Тунис-Парагвај (13:15 часот)

МАКЕДОНИЈА-Ангола (15:30 часот)

21-24 место

Казакстан-Конго (17:45 часот)

Узбекистан-Кина (20:00 часот)