СП за кадети: Победата над Бахреин донесе скок на 2. место

Македонија го совлада тимот на Бахреин во 3. коло на Светското првенство, а ова беше сосема очекувано бидејќи и пред почетокот на Мундијалот се очекуваше нашите кадети да го совладаат овој противник. Иако имаше осцилации во играта и на овој дуел, сепак, тие беа далеку помали во однос на претходните два меча.

Иако веќе се гледа кон осминафиналето, сепак, тоа засега е обезбедено теоретски. Практично ќе мора да се почека до недела бидејќи зависи директно од пресметката меѓу репрезентациите на Аргентина и Бахреин. Победа на Аргентинците или реми на овој меч ќе значи и осминафинале за Македонија. Во спротивно тука ништо нема да биде познато.

Затоа, засега е најважно дека триумфот над Бахреин и двата бода ја однесоа Македонија на 2. место.

СП ЗА КАДЕТИ

РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО

ГРУПА А (СЦ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“)

ХРВАТСКА – САУДИСКА АРАБИЈА          36:17 (19:13)

ШПАНИЈА – СЛОВЕНИЈА             24:21 (10:7)

НОРВЕШКА – ЧИЛЕ        38:23 (20:9)

ДВОЈКИ ЗА 4. КОЛО (НЕДЕЛА, 11 АВГУСТ)

16:30ч

ШПАНИЈА – ЧИЛЕ

18:30ч

СЛОВЕНИЈА – ХРВАТСКА

20:30ч

САУДИСКА АРАБИЈА – НОРВЕШКА

ТАБЕЛА: 1. Хрватска 6 (111:60); 2. Шпанија 5 (88:70); 3. Словенија 4 (86:76); 4. Норвешка 3 (88:83); 5. Чиле 0 (74:116); 6. Саудиска Арабија 0 (60:102).

ГРУПА Б (СЦ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“)

ШВЕДСКА – КАНАДА    38:16 (14:7)

ФРАНЦИЈА – УНГАРИЈА               25:26 (13:13)

ЕГИПЕТ – ТАЈВАН            36:25 (18:15)

ДВОЈКИ ЗА 4. КОЛО (САБОТА, 10 АВГУСТ)

16:30ч

ФРАНЦИЈА – ТАЈВАН

18:30ч

УНГАРИЈА – ШВЕДСКА

20:30ч

КАНАДА – ЕГИПЕТ

ТАБЕЛА: 1. Унгарија 6 (105:58); 2. Шведска 4 (115:66); 3. Франција 4 (97:66); 4. Египет 4 (92:82); 5. Тајван 0 (63:122); 6. Канада 0 (45:123).

ГРУПА Ц (СЦ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“)

ДАНСКА – НИГЕРИЈА    35:22 (21:8)

ЈАПОНИЈА – АРГЕНТИНА             29:26 (18:14)

БАХРЕИН – МАКЕДОНИЈА          25:27 (9:12)

ДВОЈКИ ЗА 4. КОЛО (НЕДЕЛА, 11 АВГУСТ)

16:30ч

БАХРЕИН – АРГЕНТИНА

18:30ч

НИГЕРИЈА – ЈАПОНИЈА

20:30ч

МАКЕДОНИЈА – ДАНСКА

ТАБЕЛА: 1. Данска 6 (94:64); 2. Македонија 4 (84:82); 3. Јапонија 4 (79:80); 4. Бахреин 2 (85:82); 5. Аргентина 2 (68:78); 6. Нигерија 0 (84:108).

ГРУПА Д (СЦ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“)

ИСЛАНД – ПОРТУГАЛИЈА           24:28 (10:15)

ГЕРМАНИЈА – СРБИЈА  30:22 (16:11)

ТУНИС – БРАЗИЛ            26:25 (13:16)

ДВОЈКИ ЗА 4. КОЛО (САБОТА, 10 АВГУСТ)

16:30ч

ГЕРМАНИЈА – БРАЗИЛ

18:30ч

СРБИЈА – ИСЛАНД

20:30ч

ПОРТУГАЛИЈА – ТУНИС

ТАБЕЛА: 1. Португалија 6 (83:71); 2. Германија 4 (92:70); 3. Исланд 4 (79:74); 4. Србија 2 (73:76); 5. Тунис 2 (61:86); 6. Бразил 0 (75:86).