СП за кадети: Македонија испушти плус пет и два важни поени

Во Групата Ц каде што се наоѓа и Македонија во првото коло најголемото изненадување го направија Аргентинците. Тие ја совладаа Македонија со 23:20 и на тој начин покажаа дека секој може против секого особено во Групата Ц. Македонија имаше плус четири на полувреме, а во еден момент и позитива од пет гола. Сепак, не успеа да ја зачува, и имаше негатива од дури седум гола во второто полувреме.

Сепак, на другите две средби немаше проблеми за фаворитите. Данска сигурна против Јапонија со обезбеден триумф уште во првите 30 минути, додека Бахреин и во двете полувремиња имаше иста разлика од четири гола против Нигерија.

ГРУПА Ц

РЕЗУЛТАТИ ОД 1. КОЛО

ДАНСКА – ЈАПОНИЈА    30:23 (18:11)

БАХРЕИН – НИГЕРИЈА  36:28 (17:13)

МАКЕДОНИЈА – АРГЕНТИНА     20:23 (13:9)

ТАБЕЛА: 1. Бахреин 2 бода (+8); 2. Фанска 2 (+7); 3. Аргентина 2 (+3); 4. Македонија 0 (-3); 5. Јапонија 0 (-7); 6. Нигерија 0 (-8).