СП за кадети: Германија или Исланд најверојатно ривали на Македонија

Од епилогот на средбата меѓу Македонија и Јапонија вечерва ќе зависи и тоа кој ќе биде ривалот во осминафиналето. Според ситуацијата на табелата во опција е и Португалија, но некако поверојатно е Германија или Исланд да бидат на дуел со домаќинот.

Денеска овие две селекции одиграа интересен натпревар во последното коло, а Германците излегоа како победници со што се изборија и за поволен пласман на табелата односно се најдоа на 2. позиција.

Португалците кои одиграа најдобро и ги освоија сите бодови се неприкосновено први така што немаа конкуренција.

СП ЗА КАДЕТИ

РЕЗУЛТАТИ ОД ПОСЛЕДНО 5. КОЛО

ГРУПА Д (СЦ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“)

БРАЗИЛ – ПОРТУГАЛИЈА            29:36 (14:19)

СРБИЈА – ТУНИС             23:25 (13:12)

ИСЛАНД – ГЕРМАНИЈА                22:26 (9:13)

ТАБЕЛА: 1. Португалија 10 (149:124); 2. Германија 8 (146:114); 3. Исланд 6 (127:122); 4. Тунис 4 (110:139); 5. Србија 2 (118:127); 6. Бразил 0 (126:150).