Според ЕХФ медиа тимот Вардар нема никакви шанси за Келн

Веќе традиционално тимот новинари кои работат за европската ракометна куќа ги рангираат осумтте најдобри екипи во Лигата на шампионите. Според нив македонскиот првак нема никакви шанси да се пласира меѓу четирите најдобри состави во Лигата на шампионите, бидејќи токму нивниот противник е главниот фаворит за освојување на титулата оваа сезона.

Покрај Веспрем, за експертите на ЕХФ најголеми шанси да дојдат до посакуваниот пехар во елитното натпреварување ќе имаат ПСЖ, Барселона и победникот од дуелот меѓу Киелце и Фленсбург. Дуелот меѓу полскиот шампион и некогашниот освојувач на Лигата на шампионите ќе биде во фокусот на ЕХФ. Иако двете екипи имаат изедначен квалитет, медиа тимот за нијанса го издвои составот на Врањеш како последниот патник за Келн.

Ракингот вели дека најмали шанси за пласман на Ф4 завршницата има ППД Загреб, потоа следува Кил, па македонскиот шампион Вардар. Големата петторка ја заокружува Киелце кој според експертите на ЕХФ има најголеми шанси да обезбеди свое трето учество на завршниот турнир во Келн.

Според Том О’Бранаген, Бјорн Пазен, Петер Брун, Бенче Марта, Немања Савиќ, Кевин Домас, Сергеј Николаев и Марта Плушевска ранг листата по квалитетот и прикажаните игри на тимовите оваа сезона изгледа вака:

8. ППД Загреб (Хрватска)

7. ТХВ Кил (Германија)

6. РК Вардар (Македонија)

5. Киелце Таурон Виве (Полска)

4. СГ Фленсбург-Хендевит (Германија)

3. ФК Барселона Ласа (Шпанија)

2. Париз Сент-Жермен Хендбол (Франција)

1. МВМ Веспрем (Унгарија)