Според ЕХФ, Вардар повторно ќе биде на Ф4 во Келн

Европската ракометна федерација веќе традиционално ги рангира најдобрите екипи во Лигата на шампионите. Како и минатата година, мрежата новинари и стручни соработници на ЕХФ гласаа Вардар да се позиционира на високата четврта позиција според шансите за пласман на завршницата од елитното натпреварување.

Минатата сезона, ЕХФ беше добар прогнозер кога во прашање е Вардар, останува да видиме дали оваа сезона ќе се исполни сонот на сите навивачи на „црвено-црните“- Вардар да биде првиот тим кој успеал да ја одбрани титулата на Ф4 турнирот во Келн. Колку за споредба, победникот од предминатата сезона составот на полски Киелце, не влезе во минатогодишниот избор за топ 4 екипи, што се покажа како точно предвидување. Оваа година Киелце е еден од фаворитите за освојување на титулата и го завзема високото трето место, зад Барселона и ПСЖ.

Според шансите за пласман на Ф4 турнирот во Келн, ЕХФ ги рангираше следните екипи:

10. Пик Сегед (Унгарија)

9. Нант (Франција)

8. Фленсбург (Германија)

7. Веспрем (Унгарија)

6. Рајн Некар Ловен (Германија)

5. Кил (Германија)

4. Вардар (Македонија)

3. Виве Киелце (Полска)

2. ФК Барселона Ласа (Шпанија)

1. ПСЖ (Франција)

Во краткото објаснување на ранкингот, за Вардар се вели дека очекувањата се високи откако пред три месеци го кренаа трофејот и станаа национални херои. Се очекува атмосферата во Јане Сандански да биде уште попеколна, иако Вардар го напушти најдобриот играч Алекс Душебаев. Даинис Кристопанс се уште се прилагодува на новиот тим, а дали ќе успее да се вклопи ќе покаже времето.