Според ЕХФ, Вардар е прв фаворит за европската титула

Ракометарите на европскиот првак Вардар, играат во одлична форма на стартот на сезоната. Медиа тимот на ЕХФ лани се покажа како добар прогнозер најавувајќи дека „црвено-црниот“ тим ќе стигне до Ф4 турнирот во Келн. Во првото рангирање на клубовите од Лигата на шампионите во новата сезона, новинарите што работат за сајтот на ЛШ повторно имаат добри вести за „црвено-црните”. По првите пет кола во групната фаза, но и другите резултати во домашните лиги и регионални натпреварувања за актуелниот европски првак Вардар има најдобри предвидувања.

„Базирано на формата на почетокот на сезоната, Вардар изгледа како сериозен конкурент да ја прекине „неславната традиција” и да биде првиот што ќе ја одбрани титулата од Келн. Со најдобрата одбрана во ЛШ, тимот од Скопје го нема сега Алекс Душебаев, но славеше импресивна победа против Барселона задржувајќи го првото место во Група А, и во ова рангирање.“ – се вели во статијата напишана за Вардар.

Вардар е лидер во групата А од Лигата на шампионите со четири победи и едно реми, ја има најдобрата одбрана која досега прими само 116 голови, а во регионалната СЕХА Лига има серија од 6 триумфи по ред сезонава, најдобриот напад и најдобрата одбрана…

Прво рангирање за сезоната 2017/2018
10. Нант
9. Брест Мешков
8. Монпелје
7. ПИК Сегед
6. Рајн Некар
5. Фленсбург
4. Барселона
3. ПСЖ
2. Веспрем
1. Вардар