„СПИЕШ ЛИ МИРНО БОРОЗАН ВУКО?“(ФОТО)

Ракометарите на Вардар пристигнаа во Скопје и добија неверојатен пречек од своите фанови, кои го исполнија плоштадот, но и улиците на градот

Вардарци покажаа големо срце минатиот викенд и заслужија на таков начин да бидат пречекани во Скопје.

Социјалните мрежи и после овој пречек се полни со честитки и статуси посветени на „црвено-црните“ ракометари, а ние го издвојуваме следниот кој се однесува на заминатиот Вуко Борозан, кој сигурно сега жали што не остана до крај на сезоната во македонскиот, а сега и европски првак.