Спектакуларен финиш во Радовиш: Левов и Мајиќ му пресудија на Пелистер

Ракометарите на Радовиш стигнаа до победа од 25:24 во интересен натпревар во кој Пелистер водеше речиси до крајот од средбата. Битолчани постојано беа во водство, но не успеаја да издржат до крајот и примија дури четири гола во серија со што останаа без бодови.

Мечот тргна одлично и постојано носеше интересен ракомет. Гостите наметнаа силно темпо и ја контролираа играта. Ви финишот на првото полувреме дури успеаја и со серија да стигнат до убава предност од 16:10 на полувремето.

Во вториот дел од средбата домашните тргнаа силно. Со 6:2 намалија на 16:18 и најавија дека ова ќе биде интересен меч до самиот крај. Пелистер имаше контрола и одеше кон триумф, а така делуваше и при резултат од 24:21 на само неколку минути пред крај. Сепак, тука следуваше комплетен пресврт. Домашните го имаа расположениот Паунков на голот, а во нападот Левов и Мајиќ така што се изборија за серија од 4:0 и победа од 25:24.

Со ова Радовиш стигна до значајна победа, а Пелистер може да жали за пропуштеното на стартот од сезоната.

РАДОВИШ – ПЕЛИСТЕР               25:24 (10:16)

Сала: СРЦ „25 Мај“ во Радовиш. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

РАДОВИШ: Паунов, Левов 5, Пешовски, Долдуров, Јованов, Ѓорѓиев 1, Постолов, Фенов 1, Соколов 3, Спасов, Симиќ 1, Ристов, Чизмовиќ 3, Мајиќ 11, Спасков

Седмерци: 3/5, Исклучувања: 4 мин.

ПЕЛИСТЕР: Рајичиќ, ристевски, Јагуриновски, Маџовски 3, Ивановски, Чантурија 3, Димитровски 4, Апостоловски, Чуриќ 1, Орјоникидзе 1, Босеовски, Митревски, Лазаров 5, Тодоровски, Везенковски 1, Митиќ 6

Седмерци: 0/2, Исклучувања: 2 мин.