Спасовски: Одбраната го реши победникот

Охрид по историскиот пласман во ланската Суперлига, годинава напиша уште една убава страница во клупската историја. Во деби настапот во европските купови, тимот на Горан Андоновски, се пласира во второто коло по победата над Волендам и ќе игра со португалскиот Порто. Еден од главните во одбрана беше Бојан Спасовски кој вели дека играта во тој сегмент го одлучила победникот.

„Искрено беше голема борба на двата меча, но денеска беше потешко. Денеска бевме подобри и во нападот и во одбрана, но мислам дека одбраната пресуди. Добро беше анализиран противникот, со Јовица Младеновски сме долги години заедно и добро се познаваме, се договораме како ќе одиграме во одбрана. Иако водевме со пет голови разлика, тоа не е голема разлика во ракометот и бргу се стигнува, па се вратија Волендам во игра, но во одлучувачките моменти бевме поконцентрирани.“ – изјави Бојан Спасовски.