„Спартански“ подготовки за Спартак пред новата сезона (ФОТО)

Иако на средината на минатиот месец најавија дека нема да се натпреваруваат во Првата Лига, сепак го сменија мислењето и ќе бидат дел од втората по ранг ракометна конкуренција под капата на РФМ. Тимот од Кисела Вода малку подоцна од останатите екипи, стартуваше со подготовките, кои ќе се одвиваат во заврза ритам.

Се користат и војнички методи за подготовки, кои што низ текот на летото можевме да видиме дека ги користат и француските екипи. Сезонава не очекуваат интересни натпревари во Првата Лига, каде ќе играат 14 екипи, а голем дел од екипите се засилени со суперлигашки играчи.

Во првото коло тимот на Спартак ќе игра со тимот на Делчево, кој сезонава дебитира во Првата Лига. Натпреварите во оваа конкуренција ќе стартуваат во третиот викенд од септември, односно 23 и 24, една седмица по стартот на Суперлигата.