Спартак со нова победа, Николовска го торпедираше голот на ЦЕМС

Екипата на Спартак Кисела Вода продолжи со убедливи игри во плеј-аут од Женската лига. Овојпат, преслаб за девоките предводени од Велимир Мицевски беше ЦЕМС кој загуби во Кисела Вода со убедливи 41:27.

И пред почетокот се знаеше кој е фаворит на натпреварот. ЦЕМС е со Овче Поле еден од најслабите екипи во лигата, па и на овој натпревар не покажа нешто ново. Добар беше само на стартот, па имаше изедначена игра, а први до двоцифрена (5:7) разлика стигнаа токму гостинките.

Но тоа беше само еден знак за Спартак кој се разигра и започна да го уништува противникот првенствено со серија од 11:0 за водство од 16:7. Полувремето го доби со 22:9 по што остатокот од дуелот беше обична рутина за домашните.

Анастасија Николовска беше најрасположена и целосно го торпедираше противникот давајќи му 12 гола. Кај ЦЕМС, Ангела Цветановска погоди девет пати.