Спартак Кисела Вода триумфираше кај ЦЕМС

Екипата на Спартак Кисела Вода потешко од очекувањата се справи со тимот на ЦЕМС во натпреварот од плеј-аутот во Женската лига. Гостите ја имаа улогата на фаворити, но се помачија да ја оправдаат истата, иако на крајот однесоа триумф од 28:24.

Полувремето го добија гостинките од Кисела Вода со 15:10, но во вториот дел, ЦЕМС видно мотивиран на десетина минути до крајот успеа да изедначи на 20:20. Сепак домашните немаа сили за комплетен пресврт и Спартак стигна до победата.

Спартак беше предводен од Марија и Анастасија Николовски кои заедно постигнаа 13 голови. Кај ЦЕМС, девет гола беа дело на Јана Донева. ЦЕМС остана при дното и е повисокопласиран само од Овче Поле. Спартак Кисела Вода е сигурен и во следната сезона ќе се натпреварува во Женската лига.