Со 17 години дебитира за вардарки во ЛШ: Јована Мицевска во друштво на Лејно и Суслина

Голманката, која сезонава брани за тимот на Вардар во домашното првенство, Јована Мицевска денеска првпат во кариерата се најде во составот на Вардар во Лигата на шампионите. Таа се најде на списокот на Вардар за настап во ЛШ и ќе има можност да ги забележи првите минути во најсилниот европски куп на домашен терен.

Се работи за голман кој веќе има настапи за репрезентацијата на Македонија до 17 и до 19 години. Има само 17 години така што претставува иднина на македонскиот ракомет. Родена е на 26 јули во 2000 година, а сезонава доби огромна можност за напредок. Брани постојано во домашното првенство така што останува на неа да напредува и да добива уште поголема шанса за игра.

Со оглед на тоа што е во силна конкуренција со Амандин Лејно и Ина Суслина за голот на Вардар и претстои силна и тешка работа.

Инаку, составот на Вардар за дуелот против Ларвик е: Лејно, Суслина, Мицевска, Радичевиќ, Кликовац, Саздовска, Кузнецова, Лазовиќ, Пенезиќ, Чанаџија, Лакрабер, Хмирова, Цвијиќ, Лекиќ, Петровиќ и Ристовска.

Фото: zrkvardar.mk