Со рекорд на врвот: Вардарци единствени со четири бода во групата

Вчера беше комплетирано 2. коло во групата А од Лигата на шампионите каде што актуелниот првак доминира со своите резултати.

Вчерашниот нов рекорд од седум победи во серија во Лигата на шампионите им го донесе врвот во својата група на ракометарите на Вардар, а може да се пофалат и со фактот дека се единствени со максимален број на поени во својата група.

Ниту една од другите екипи две победи така што Вардар го има првото место и чекори цврсто барем засега иако дел од ракометарите не се задоволни од пристапот и од играта на теренот, што може само да биде најава за уште подобри резултати во следниот период кога доаѓаат уште потешки средби.

Следниот меч е следната недела кога во Скопје доаѓа тимот на ППД Загреб, а Вардар ќе биде голем фаворит и на овој дуел така што може да се очекува продолжување на успешната серија. Пред паузата која што ќе следува после 15 октомври, прво на 7 октомври следува гостување кај ПИК Сегед, а потоа во Скопје ќе дојде Барселона.