Со проверени сили за ЕХФ-неделата: Раул Гонзалес ги повика и Прибак и Цветковски

Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес повика 21 ракометар за тренинзите коишто планира да ги спроведе од 23 до 29 октомври во рамки на ЕХФ-неделата. Како што и претходно беше кажано нема да има контролни натпревари и само ќе се тренира со цел да го спроведе на дело она што го има замислено на тактички план.

Ова ќе биде една недела на која ќе се тренира и ќе се подготвува за Европското првенство во Хрватска, а сосема извесно е дека ова ќе бидат ракометарите кои ќе конкурираат за тимот и за шампионатот во јануари.

Има нов играч на позицијата голман, а тоа е Јане Цветковски, кој беше дел од јуниорската селекција што играше на СП во 2007 година. Во составот е и Немања Прибак кого го немаше на последните собири. Инаку, собирот е на 23 октомври во 16:30 часот во „Александар Палас“.

СПИСОК НА РАКОМЕТАРИ ЗА ЕХФ НЕДЕЛАТА

ГОЛМАНИ: Борко Ристовски (Барселона, Шпанија), Никола Митревски (Констанца, Романија), Златко Даскалоски (Темишвар, Романија), Јане Цветковски (Иштад, Шведска).

ЛЕВИ КРИЛА: Дејан Манасков (Веспрем, Унгарија), Гоце Ојлески (Е. Работник).

ДЕСНИ КРИЛА: Гоце Георгиевски (ЧСМ Букурешт, Романија), Мартин Поповски (Вардар).

ЛЕВИ БЕКОВИ: Филип Талески (Рајн Некар, Германија), Филип Кузмановски (Металург), Марко Нелоски (Кобург, Германија), Филип Лазаров (Бешикташ, Турција), Велко Маркоски (Констанца, Романија), Ацо Јоноски (Ратинген, Германија).

СРЕДНИ БЕКОВИ: Филип Миркуловски (Вецлар, Германија), Немања Прибак (Бешикташ, Турција).

ДЕСНИ БЕКОВИ: Кире Лазаров (Нант, Франција), Мартин Велковски (Металург).

ПИКЕРИ: Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски (Орошази, Унгарија), Жарко Пешевски (Металург).