„Со Охрид во срце, со Вардар во Келн “ (ФОТО)

Со Охрид во срце – со Вардар во Келн! Вака публиката во салата „ Билјанини Извори “ во Охрид го поздрави актуелниот шампион Вардар по победата над Охрид на првиот натпревар од плеј-офот во македонската Супер лига. Со успешните настапи во елитното натпреварување Вардар започнува да ги придобива симпатиите од сите краишта на Македодонија, а доказот за тоа е транспарентот кој го истакнаа навивачите на Охрид.

Очекувано мечот заврши со резултат 21-30 (11-16) во корист на гостите од Скопје. Македонскиот шампион ја започна одбраната на титулата во македонскиот шампионат со победа на гостувањето во Охрид, а до првиот четвртфинален дуел во Лигата на шампионите ќе одигра уште неколку натпревари од македонското првенство. Веќе во вторник ги очекува нов спаринг партнер, бидејќи следува второто коло од македонскиот плеј-оф, дуелот со Работнички.