Со нозе, со раце, со глава ако треба: Арсиќ со ТОП 5 одбрана (ВИДЕО)

Металург го доби натпреварот од третото коло против Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите. Иако имаше биланс од два порази претхдно, сепак избраниците на Лино Червар смогнаа сили да се издигнат и да ја забележат првата победа оваа сезона.

Еден од клучните играчи покрај капитенот Кузмановски, беше и голманот Дарко Арсиќ, кој маше неколку интервенции кога се кршеше резултатот. Една од нив, во 24 минута, двојна интервенција кога прво одбрнани со тело, а потоа со глава, влезе во ТОП 5 изборот на ЕХФ и се најде на второто место. Погледнете ТУКА.