Со нова песна на нов фајнл-фор: Вардаре не можам без тебе! (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар и понатаму се во центарот на вниманието, а постојано добиваат поддршка од сите страни за да издржат во напорите и да ја финишираат сезоната на најдобар можен начин.

Иако е јасно дека клубот преживува тешки моменти, сепак, фановите не го оставаат клубот и продолжуваат на секаков начин да ставаат до знаење дека Вардар е клубот кој им ги полни срцата со своите игри.

На враќање од Сегедин, смислија и оригинална песна за да повикаат на спас за клубот – Вардаре не можам без тебе!

Погледнете во продолжение!