Со ладно пиво се лекуваат раните после големата битка (ФОТО)

Средбата меѓу Веспрем и Вардар остави голема трага кај дел од ракометарите, а најтешко мина пивотот Рожерио Мораеш кој имаше големи проблеми со десното колено уште за време на натпреварот.

Поради повредата на коленото тој мораше да го напушти теренот и првиот впечаток беше дека нема да може да ја доврши средбата. Со оглед на тоа што поткривнуваше и едвај газеше на ногата се очекуваше да остане на клупата.

Сепак, Мораеш е херојот на денот бидејќи влезе на терен одново во клучните моменти и ги даде двата погодока кои го решија Веспрем и му донесоа победа на Вардар. Како изгледаше Мораеш после натпреварот може да се види од фотографијата која беше објавена на неговиот профил на Инстаграм.

Дефинитивно не му беше лесно, но тој издржа многу на средбата, па заслужи ладно пиво да ги залечи „воените“ рани.