Со една нога во елитата: Металург 2 го победи фаворизираниот Работнички (ФОТО)

Во рамки на 12. коло од плеј-офот во првата лига се сретнаа Металуртг 2 и Работнички во директен дуел за првата позиција на табелата која обезбедува директен пласман во Супер лигата. Поуспешен беше составот од Автокоманда 31:27 и со оваа победа се проби на првото место.

На две кола до крајот Металург 2 е во најдобра позиција и се зависи од нив. Доколку победат на преостанатите натпревари без разлика на другите резултати тие имаат обезбедено место за наредната сезона во најквалитетната конкуренција.

Најдобри стрелци во домашниот тим беа Мартин Серафимов со десет и Стефан Додиќ со девет погодоци. Кај гостите расположени за игра беа Кристијан Анастасовски и Олег Кумогородски со по девет голови.

Радоста на ракометарите беше огромна и оваа најважна победа сезонава ја прославија со победничко селфи во соблекувалната.