Со дуелот ЖРК Вардар – ЖРК Металург стартува женската супер лига

Поради  натпреварите на ЖРК Металург во женската регионална ракометна лига денес со почеток од 16 :00 часот вториот тим на ЖРК Вардар предводен од Симе Симовски ја пречекува екипата на ЖРК Металург предводена од Александар Петровски во првото коло од македонската супер лига. Натпреварот е закажан во СРЦ Кале, влезот за сите љубители е слободен.

На 27/28 септември двата нови суперлигаши ЖРК Ѓорче Петров и ЖРК Пелистер меѓусебно ќе ги одмерат силите, додека Жито Прилеп во првото коло за противник го има ЖРК Вардар СЦБТ.