Соња Башиќ во Вац

Репрезентативката на Хрватска и членка на Мец, Соња Башиќ од следната сезона ќе настапува за Вац. Унгарскиот суперлигаш создава квалитетен тим кој следната сезона ќе атакува на подобар пласман во националното првенство. Во Вац следната сезона ќе играат и Сара Вукчевиќ од ЕРД, Кристина Лишчевиќ од Мец и Викторија Сос од ФТЦ Будимпешта. Тренер на екипата ќе биде Урош Брегар кој моментално е дел од стручниот штаб на македонскиот шампион, ЖРК Вардар.

Клубот не го продолжи договорот со Марија Стефановиќ и Дакос Ноеми.

Фото:www.zimbio.com