Сосема заслужено: Борозан во идеалниот тим на ЛШ (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар славеа над Рајн Некар и останаа на лидерската позиција во пресрет на останатите 6 кола до крајот на групната фаза. Еден од творците на победата беше и левиот бек Вуко Борозан, па медиа тимот на ЕХФ сосема заслужено го смести во идеалниот тим на 8 коло.

Тој постигна 7 голови против германскиот шампион и неговите удари беа неодбранливи ниту за Апелгрен, ниту за Паличка. Видеото со потезите и головите на ракометарите кои се најдоа во идеалниот тим може да го погледнете ТУКА.