Соседското дерби се враќа после десет години: Вардар Неготино на мегдан со Тиквеш

Викендов во Првата лига на сцена ќе се врати едно соседско дерби. Тимовите од Неготино и Кавадарци ќе се сретнат на терен, а овој меч се враќа после десет години пауза.

Ова ќе биде меч кој сигурно ќе предизвика и големо внимание и ќе привлече голем број на публика на трибините што значи дека овој дуел и ќе го одбележи колото. Кавадарчани ќе го окупираат Неготино, но кој ќе се радува на крајот ќе се види вечерва кога ќе биде одржана пресметката.

Инаку, има неколку интересни дуели во 5. коло, но тие заостануваат зад овој меч кој е во прв план.

ПРВА МАШКА ЛИГА, 5. КОЛО

САБОТА, 21.10.2017

МЕТАЛУРГ ЈУНИОР – РУДАР    13ч

Сала: Расадник во Скопје. Судии: Иво Ѓоргиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

СТРУГА – КУМАНОВО  14:30ч

Сала: СОУ „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Иван Илиевски и Александар Марковски од Битола. Делегат: Васко Дјакоски од Струга.

ВАРДАР НЕГОТИНО – ГРК ТИКВЕШ 2014             19ч

Сала: Гимназија „Кирил и Методиј“ во Неготино. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

НЕДЕЛА, 22.10.2017

ТЕКСТИЛЕЦ – ДЕЛЧЕВО ВАРДАР             12ч

Сала: ОУ „Тошо Арсов“ во Штип. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Драги Папуџиев од Скопје.

ПАРТИЗАН – МЛАДОСТ 09         14ч

Сала: 26 Април во Гевгелија. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Илија Цветкоски од Прилеп.

СРЕДА, 25.10.2017

СПАРТАК – ПРЕСПА 2015             20ч

Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Мамер Реџеп од Скопје.

РИНИА М – БУТЕЛ СКОПЈЕ         20:30ч

Сала: ОУ „7 Март“ во Скопје. Делегат: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Лери Мирчевски од Скопје.