Сонувавме Олимписки игри во Рио, но Тунис ќе ги живее! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Пристигнавме со огромен мотив, желба конечно да ја надминеме последната пречка до Олимпските игри. Имавме одлична група, посакувани противници, веројатно и најпосакувани во избраното друштво, но Македонија повторно се сопна. Овојпат пречката се вика Тунис, несудениот африкански шампион, кој ги преброди проблемите со казната на селекторот и голманите за да ја посрамоти Македонија пред околу 300 македонски навивачи во ЕРГО арената. Тунижаните ниту во еден момент од мечот не дозволија избраниците на Обрван да се понадеваат на реми. Од техничките грешки на Прибак, до одлуката на Обрван да не ја премине во агресивна одбранакоја може да го извади од колосек забревтаните Тунижани, се редеа технички грешки, а Теж, Жалуз ја предводеа сензацијата во Гданск. Епилогот е тажен и познат, а како течеше натпреварот можете да погледнете од моментите „уловени“ во фотогалеријата.

[gallery_bank type=”images” format=”masonry” title=”false” desc=”false” responsive=”true” display=”all” sort_by=”pic_id” special_effect=”none” animation_effect=”fadeIn” album_title=”true” album_id=”47″]

ФОТОГАЛЕРИЈА: www.derbi.mk