Сондерјиск и Митова со важен гостински триумф

Ракометарките на Сондерјиск, каде настапува македонската интернационалка Сара Митова ја забележаа третата победа во четвртиот натпревар во Првата дивизија во Данска, откако славеа на гостински терен со 23:27 над незгодниот Рингстед. Ова е победа со која остануваат во чекор со Роскилде и Хадстен во борбата за најквалитетната конкуренција во Данска.

Митова играше на овој натпревар, беше една од позабележителните на теренот и успеа да постигне 3 голови. Следен предизвик за Митова и Сондерјиск ќе биде натпреварот на домашен терен против Лингби.

Тимот на Вендсисел, каде настапуваат Зорица Михајлова и Клаудија Георгиевска, пак загуби дома од Роскилде со 21:24. Михајлова постигна 1 гол на овој наптревар, додека Георгиевска не се запиша во листата на стрелци.

Фото: M. Poulsen