Соиграч на Кире најдобар играч за септември

Екипата на Нант го има најдобриот играч за септември во првата лига на Франција. Станува збор за Николас Турно кој во конкуренција на Јан Генти и Недим Ремили ја доби наградата.

Откако гледачите имаа право да гласаат, играчот на Нант со 56 проценти успеа да ја однесе наградата, пред Јан Генти кој освои 25 проценти и Недим Ремили кој освои 19 проценти од гласовите.

Претходниот месец, Турно ги оправда очекувањата после одличната игра во ланската сезона во која беше избран за најдобар пивотмен. Овој септември постигна 20 погодоци, а беше одличен и во победата на својот тим против Монпелје.