Смиљјаниќ го продолжи договорот со Локомотива

Кристина Смиљјаниќ и Локомотива Загреб се договорија договорот да го продолжат на една година.
Смиљјаниќ игра на позиција лево крило, а во составот на Локомотива Загреб беше втора опција. Претходно клубот го продолжи договорот со србинката Сања Рајовиќ, а за следната сезона нова ракометарка ќе биде Катарина Јежиќ од ЖРК Будуќност.
Денес Локомотива Загреб го прослави 65-от роденден од постоењето на клубот.